Во Нигерија испорачани речиси четири милиони вакцини од АстраЗенека

Од:

Нигерија денеска прими речиси четири милиони дози вакцини од „АстраЗенека“ против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство на социјалните мрежи.

Контингент од 3,92 милиони дози вакцини е прва испорака за најнаселената африканска земја.

Нигерија сега е трета западноафриканска земја што прими вакцини против коронавирус, по соседните Гана и Брегот на Слоновата Коска, сите испорачани преку програмата Ковакс.

Ковакс е глобална иницијатива која им помага на сиромашните и помалите земји да добијат пристап до вакцини.

Националната агенција за развој на примарната здравствена заштита (НПХЦДА) вчера соопшти дека прво ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија