Јеремиќ: Опозицијата ја усогласи платформата за преговори со властите со посредство на ЕП

Од:

Претседателот на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, за Н1 изјави дека опозицијата „повеќе или помалку“ ја усогласила платформата за преговори за изборните услови со претставниците на властите во Србија.

-Со недели разговаравме за содржината и би рекол, со одредени технички редакции што ќе бидат подготвени денес или утре, да успеавме да ја усогласиме таа платформа, изјави Јеремиќ за Н1.

Тој додаде дека верува дека платформата ќе биде единствена и дека наскоро ќе биде претставена.

Тој оцени дека непостои договор околу форматот на самите преговори „кога станува збор за актерите во опозицискиот фронт“.

-Овој дијалог ќе биде плоден онолку колку што опозицијата сериозно го сфати. Затоа НС предложи целата опозиција да биде претставена од само еден или двајца преговарачи кои не мора да бидат членови на ниту една од опозициските партии, кажа Јеремиќ.

Како можни кандидати за преговарачи ги спомена поранешниот претседател на Демократската партија, Бојан Пајтиќ и професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Слободан Самарџиќ.

Претседателот на НС оцени дека власта сака да го претвори дијалогот во „еден вид ријалити“ во која сите страни што сакаат да учествуваат треба да испратат по двајца преговарачи.

-Па, тоа би значело 30-40 преговарачи на опозицијата и не знам ни колку се преговарачи на власта. Во таков формат ништо не може да се договори, кажа Јеремиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија