Кина планира до јули да вакцинира 40 отсто од населението

Од:

Кина планира да вакцинира против коронавирус 40 проценти од својата популација до крајот на јуни, изјави експертот за респираторни заболувања Џонг Наншан.

Тоа значи дека до јуни, во Кина, која има 1,4 милијарди жители, ќе бидат вакцинирани 548 милиони луѓе, објаснува Си-Ен-Ен.

Кина досега вакцинираше 3,56 проценти од своето население, што е околу 51 милион луѓе, додаде Џонг.

На панелот организиран од универзитетот Синхуа и институцијата Брукингс, Џонг рече дека ќе бидат потребни најмалку три години за да се постигне каков било имунитет на стадо.

Сепак, Ву Цуњуо од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести рече дека, доколку сегашната стапка на вакцинација продолжи, Кина и САД ќе бидат првите земји што ќе се отворат за патувања.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени