Современата софистицирана технологија за скенирање открива занимливи тајни за „Мало Стопало“ (Little Foot) – добро сочуван фосил на ран претставник на човечката еволутивна лоза, кој живеел во Јужна Африка пред 3,67 милиони години.
– Во черепот, успеавме да ги идентификуваме васкуларните канали во една коска, што се користеле за терморегулација. Веројатно, така се ладел мозокот на човекот, вели палеоантропологот Амелија Бодет од Универзитетот Кембриџ, која го води истражувањето.
Научниците го истражуваат наодот во британската синхотронска лабораторија „Дајмонд лајт сорс“ (Дијамантски светлосен извор). Нагласката на скенирањето сега беше на горниот дел од черепот и долната вилица на фосилот.
Научниците собраа докази не само за единките на „Мало Стопало“, туку и за тешкотиите низ кои минале како возрасни. А, се работи за фосил за жена.
Се чини и дека забите се добро сочувани, иако таа праисториска жена починала релативно стара, бидејќи нејзините заби биле, така да се каже – „истрошени“.