Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, по вчерашната победа (1:0) над Саутемптон во 26. коло на Премиер лигата, рече дека тимот цели на освојување на четвртата позиција која носи пласман во Лигата на шампионите.
– Ова е важна победа за нас. Беше тежок натпревар. Однапред знаевме за тоа. Започнавме добро и ја контролиравме играта со многу напор, па заслуживме да победиме. Имавме две-три шанси за гол. Ние би сакале да го освоиме четвртото место. Јас по природа сум оптимист. По поразот од Фулам бевме вознемирени, но овие две победи ни даваат самодоверба за понатаму, изјави Анчелоти за „BBC Sport“.
По овој натпревар, Евертон со 43 бода е на 7. место во поредокот, со два бода заостанување зад четврто пласираниот Вест Хем.