Иванов на Самит на Централна Европа во Братислава

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре во Братислава, ќе учествува на 18. Самит на шефови на држави и влади од Централна Европа, чиј домаќин е претседателот на Словачка Република Иван Гашпарович.

Деветнаесет претседатели и домаќинот ќе дискутираат за клучните политички, економски, социјални и безбедносни прашања поврзани со закрепнување на регионот и Европа во посткризниот период. Во тој контекст, шефовите на држави и влади ќе разговараат за можностите за враќање на одржливиот раст, за изнаоѓањето начини за спречување на слични економски и финансиски кризи во иднина, како и за улогата на новите земји-членки на ЕУ во посткризното закрепнување.

Мотото на самитот е „Стратегија за раст за посткризно закрепнување“.Потврдено е учеството на Австрија, Романија, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Украина, Полска, Латвија, Бугарија, Молдавија, Унгарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Чешка, Косово и Словачка. Свое присуство потврди и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Претседателот Иванов, покрај обраќањето на пленарната сесија, ќе оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои со претседателите на Полска, Молдавија, Црна Гора и Украина.

Првиот самит на шефови на држави и влади на Централна Еропа се одржа во Чешка во 1994 година. Македонија беше домаќин во 2008 година на 15. самит.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on