Српските експерти предлагаат полициски час и забрана за контакти

Од:

Единствената опција што ја предлага медицинскиот дел на Кризниот штаб е апсолутен локдаун, односно полициски час и забрана за контакти, бидејќи, според нив, тоа е најефикасен начин за седум до 10 дена да се намали бројот на заразени од коронавирус во Србија.

-Имаме големо оптоварување на здравствениот систем и ако имаме повеќе заболени, тогаш не можеме да ги вакцинираме луѓето, изјави покраинскиот секретар за здравство на Војводина, Зоран Гојковиќ, по седницата на Кризниот штаб.

Како што кажа Гојковиќ, медицинскиот дел затворањето го гледа како единствено можно решение за проблемот, со оглед на епидемиолошката состојба.

-Тие јасно и решително изјавуваат дека во овој момент тоа би било најсоодветно, што се однесува до медицинската работа. Тие не можат и не сакаат да навлегуваат во проблемот какви последици ќе предизвика локдаунот, пред се за економскиот дел, што ги носи таа последица, па останува да се состанеме повторно во следниот временски интервал, да имаме консултации и да донесеме одлука која ќе биде адекватна, кажа Гојковиќ.

-Единствената опција што се предлага во моментот е апсолутно заклучување и полициски час, што е единствениот начин да се стабилизира епидемиолошката состојба во следните седум до 10 дена, изјави Гојковиќ.

Тој изјави дека сè може да се затвори, но дека проблемот е што без полициски час се организираат собири и забави по куќите.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски