Два месецa по пожарот, „Глобал“ повторно отворен

Од:

Два месеца по големиот пожар што го зафати Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, денеска почна да работи делот од Градскиот пазар кој не беше опожарен, како и продавниците на сите катови.

Според Стојан Манев од Здружението „Обнова Глобал“, работат две третини од објектот.

-Половина од Градскиот пазар денеска почна со работа, како и сите продавници од приземје до четрти кат од десната страна на главниот влез кои беа помалку зафатени од пожарот. Саниран е и покривот, а до крајот на неделата очекуваме да завршат работите во делот кој беше најмногу опожарен. Таму е поставена електричната инсталација, се поставуваат плочки, а ќе бидат поставени и излози на продавниците од внатрешната страна, рече Манев.

Додава дека се задоволни од работата на изведувачите на работоти, но и од динамиката на санирањето на штетите и обновувањето на „Глобал“.

Според информациите од претседателот на Општинската комисија за проценки на штети од елементарни и други непогоди, Ацо Ѓоргиев, тече поднесувањето барања од страна на сопствениците на тезги и продавници и досега се поднесени вкупно 59 апликации, од кои 44 се од правни субјекти и 15 од физички. Оттаму апелираат до граѓаните до крајот на неделата да ги поднесат барањата за да може да се постапува по нив.

Општинската комисија ќе ги сублимира барањата за отштета во заеднички извештај за штетата, кој ќе го достави до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење