Интернет страницата „Virtual Tourist” го номинирала и Дубровник за осмо светско чудо.
“Познат како Бисер на Јадранот, Дубровник е сместен на самиот југ на далматинската обала во Хрватска. Заштитен од УНЕСКО, тој е пример за добро зачуван доцносредновековен град опкружен со ѕидини”, наведуваат авторите на номинацијата.
Гласањето за осмо светско чудо, каде има уште околу 300 други одредишта од Бора Бора до Лондон, трае од 3 јуни до 30 септември, а можно е да се даде еден глас дневно.
Virtualtourist.com нуди 1,7 милиони прегледи на патувања, со 3,6 милиони фотографии со повеќе од 73.000 одредишта.