Нов Зеланд: Оукланд губи 22 милиони долари дневно поради карантинот

Од:

Градоначалникот на Оукланд, Фил Гоф денеска ги повика жителите да се вакцинираат откако најголемиот град на Нов Зеланд за време на викендот влезе во четвртата блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а загубите на градот поради рестриктивните мерки се речиси 22 милиони на ден.

Премиерката Џасинда Ардерн воведе седумдневна блокада на градот со два милиони жители поради еден случај на коронавирусот, нагласувајќи дека „подобро е да се спречи отколку да се лекува“.

Поради ваквиот пристап, многу светски експерти му оддадоа признание на Нов Зеланд за еден од најдобрите начини да се одбранат од коронавирусот во светот. Сепак на некои граѓани не им се допадна последната блокада и ја критикуваа одлуката на социјалните мрежи.

Фил Гоф рече дека градот ќе изгуби околу 200 работни места и 21,7 милиони долари на ден поради блокадата.

– Приоритет мора да ни бидат вакцини во Оукланд со цел да се спречат идни блокади, да се заштитат работните места и приходите и да се осигура дека Оукланд може да учествува во економското закрепнување на земјата, рече Гоф.

Според последната блокада, спортските и културните настани се откажани или одложени, а дојде и до сообраќаен колапс бидејќи луѓето во петокот при враќањето дома од работа мораа со часови да поминуваат низ полициски контролни пунктови.

Од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд регистрира повеќе од 2.000 случаи на ковид-19, и 26 починати од болеста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска