Без вакцина против Ковид-19 нема патување во земјите на ЕУ

Од:

Европската унија донесе одлука за изработка на дигитални ковид-сертификати кои ќе овозможат полесно патување за време на пандемијата на коронавирусот. Периодот во кој треба да бидат изработени сертификатите е три месеци.

Земјите членки на Унијата се соглсни дека поддршката за дигитални сертификати за вакцинација е голема. Тие ќе бидат направени според заеднички криетриуми за влез во земјите членки на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објасни дека секоја земја членка ќе може да донесе одлука за тоа што ќе може да се прави со сертификатите, а дека на ниво на ЕУ ќе се користат за функционирање на единствениот пазар. Таа потенцираше дека за воведување на системот на сертификати за вакцинација ќе бидат потребни три месеци.

„Потребна ни е брза импелментација ако сакаме системот да биде фнкционален до лето“ – рече Фон дер Лајен.

Од Европската Унија нагласуваат дека и натаму има отворени прашања како политички така и научни кога станува збор за сертификатите за вакцинација, пред се во однос на тоа за што ќе бидат користени и за тоа дали вакцинацијата значи и прекин на преносот на инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана