Расте бројот на заразени од коронавирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија

Од:

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во земјите од регионот денеска бележи пораст во споредба со претходните денови, а најтешка е состојбата во Унгарија, каде се регистрирани 4.948 инфекции и 107 смртни случаи.

Според извештаите на медиумите, во Србија се регистрирани 3.210 новозаразени и 15 починати.

Во Хрватска, пак, во последните 24 часа се потврдени 520 нови случаи, додека осум лица починале. Во Хрватска се пријавени и два случаи на инфекција со јужноафриканскиот вид коронавирус, а откриен е кај две лица кои се вратиле од Занзибар.

Вкупно 711 новоинфицирани лица се регистрирани во Босна и Херцеговина, а 17 лица починале, што е пораст во споредба со вчерашниот ден, кога имаше 469 новоинфицирани лица.

Во последните 24 часа во Република Српска, Ковид-19 беше потврден кај 192 лица, додека шест смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на РС.

Во Црна Гора има 543 лица заразени со вирусот и шестмина починати.

Словенија регистрираше 948 нови случаи на коронавирус и 13 починати.

Што се однесува до Романија, 3.432 лица се разболеле и 54 починале, а во Бугарија бројот е двојно помал – 1.681 заразен и 49 починати пациенти.

Би можело да ве интересира

Новиот сој корона поради кој се враќаат маските е потврден во Словенија, се шири како молња

„Кракен“ откриен и во Србија

Прв случај на зараза со новиот сој „кракен“ во Црна Гора

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Во Србија од денеска забранети посетите на здравствените установи