Повредени седуммина полицајци на протестите за „Монструм“, досега се приведени осум лица

Од:

Седуммина полицајци се повредени на денешните насилни протести кај Бит-пазар против пресудите во случајот „Монструм“, информираат од МВР.

Според полицијата, досега се приведени осум лица, но оваа бројка сигурно ќе биде поголема, затоа што се работи за пронаоѓање и приведување и на други учесници во протестот.

Попладнево демонстрантите, кои имаа план да протестираат во центарот на градот, но не беа пропуштени од полицијата, неколкупати се обидоа да го пробијат кордонот, фрлајќи шишиња, запалки, столови. Дел од нив, маскирани со фантомки, со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но не им беше дозволено да се доближат до комплексот судови и беа одбиени кон Бит-пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите