Над 30 оклопни возила на полицијата, полицајци со панцири и припадници на другите единици при МВР се распределени пред судовите во Скопје.
Освен нив, на терен има и повеќе амбулантски возила и противпожарни возила. Сите екипи се распределени согласно безбедносната проценка на МВР, а непосредно пред почетокот на протестот за одмерените казни на осудените во случајот за петкратното убиство на Смилковското Езеро.
Поради протестот, испразнета е зградата на Апелациониот суд, односно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Тројца од обвинетите во случајот „Монструм“, Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, беа прогласени за виновни за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство и се осудени на доживотна казна затвор.
Обвинетиот Хаки Азири, обвинет за кривичното дело помагање на сторител во извршено кривично дело осуден на 9 години затвор. Фејзи Азири е виновен за две кривични дела и судот му одреди 15 години затвор. За Сами Лута се одбива обвиненеито поради немање докази, иако претходно се гонеше за „тероризам“.
По изрекувањето на пресудата Бедри Ајдари, братот на осудениот Фејзи Азири, повика на протести поради казните. Тој по објавување на пресудата рече дека е објавена војна и тие ќе се борат со сите средства. Според него, пресудата е без докази и по нарачка на обвинителката Фатиме Фетаи.