(ВИДЕО) Ленче Ристоска за бегството на Мијалков: Не знам каде бил, задоволни сме од пресудата

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека не се задоволни од сите изречени казни во предметот „Таргет-Тврдина“. Таа посочи дека максималниот притвор што засега може да му се одреди на Сашо Мијалков е 60 денови. Во однос на изјавата на министерот за внатрешни работи дека обвинител во петокот известил министер во Влада дека Мијалков ќе бега, Ристоска рече дека тоа не била таа, ниту нејзиниот колега Трајче Пеливанов.

„Со предметниот обвинител не сме имале информации во петокот. Ако имавме уште во петокот ќе побаравме мерка притвор. Првите информации ги добивме во саботата вечерта и веднаш побаравме мерка притвор. Не знаеме каде бил Мијалков, се надеваме дека тоа ќе го утврди истрагата“, рече Ленче Ристоска.

Обвинителата Ристоска посочи дека се задоволни од пресудата, но не и од сите одмерени казни.

„Задоволни сме од предудата пред се зато што се потврдија сите наводи од Обвинителството. Од дел од казните сме задоволни, за дел не. Прво сакаме да го видиме решение, па ќе одлучиме жалбите”, додаде Ристоска.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор