Екологисти: Малите хидроцентрали го уништуваат водоснабдувањето на Тетово, десетици илјади луѓе во опасност поради профит

Од:

Група организации за заштита на животната средина, обединети во Зелен фронт, предупредуваат дека проблемите со водоснабдувањето во Тетово кои се појавија деновиве, се директна последица на изградбата на спорна хидроцентрала на Шар Планина. Екологистите алармираат дека не смее да се дозволи планираната изградба на повеќе хидроцентрали на шарските реки и со тоа, поради профит, да се загрозат десетици илјади луѓе кои живеат во Тетово и околината.

Еве го во целост обраќањето на еколошките здруженија:

„Тетово веќе три дена има проблеми со водоснабдувањето и овој проблем нема скоро да се реши, според она што го кажуваат надлежните од тетовски
Водовод бидејќи свлечиште ги уништило главните цевки за довод на вода од месноста Лешница во срцето на Шар Планина. Можеби ќе поминат и неколку
седмици додека се отклони дефектот, бидејќи се случил на тешко пристапен терен, длабоко во пазувите на планината.

За жал, се случува она на што Зелен Фронт против малите хидроцентрали уште лани предупредуваше, а тоа е дека уништувањето на природата за профит кога-тогаш ќе им се одмазди на луѓето. Изградбата на неколку мали хидроцентрали на шарските бистри реки не само што трајно ги уништува
самите реки и живиот свет во нив, не само што го загрозува водоснабдувањето на луѓето од шарските села, туку, еве и на Тетово му испраќа предупредување кое вели: СТОП ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА ШАРСКИТЕ РЕКИ, СТОП ЗА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА НА ЛЕШНИЦА!!!

За само неколку месеци природата неколкупати ги опоменува Тетовчани и надлежните дека посегањето по реката Пена и нејзините притоки, нивното заробување во цевки, бетонирањето и преградувањето на нивните корита за изградба на мали хидроцентрали носи корист за малкумина, а штети за сите
останати, вклучувајќи ја и самата природа. Во септември 2020 поради заматување на водата кај каптажата Лешница, предизвикано од копање во самото корито за изградба на хидроцентрала, Тетово имаше отежнато снабдување, во јануари годинава повторно се заматија лешничките води на Пена и повторно тој крак од тетовскиот водовод беше исклучен од системот, за по само еден месец природата да ја испрати и третата опомена.

Државниот Инспекторат за животна средина лани утврди дека изворот за водоснабдување на Тетово во месноста Лешница Е НЕЗАШТИТЕН бидејќи нема определено заштитни зони, како што налагаат законите, а државата дозволува ГРАДИЛИШТЕ СРЕДЕ ПЕНА. Малата хидроцентрала која се гради среде реката, на Лешница, не е само рана врз планината, која никогаш нема да се залекува, туку е вистинска опасност и за луѓето на тетовскиот крај и на
шарпланинските села и на скапоцентата лешничка шума и живиот свет на Шар Планина!

Тетовчани, време е да ги свртите погледите КОН ПЛАНИНАТА над вашиот град и да прашате: кој, во Ваше име, дозволува ШТЕТНИ ПРОЕКТИ, кој Вас ве
загрозуваат, а природата засекогаш ЈА УНИШТУВААТ ЗА ПРОФИТ И ПОЛЗА НА НЕКОЛКУ ЛУЃЕ?“

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година