Мик Шумахер: Многу сум среќен во Хас, но сонот е Ферари

Од:

Пилотот на Хас, Мик Шумахер, не крие дека сонува да се приклучи на Ферари, како неговиот татко Михаел.

– Пресреќен сум што сум во Хас. Ќе дебитирам во Формула 1 и сакам да го сторам тоа на најдобар начин. Тогаш ќе видиме каква иднина ме чека. Нема да одречам дека сонувам еден ден да возам за Ферари, како татко ми во минатото, изјави Мик во интервју за „Ла Стампа“.

Шумахер рече дека сериозно ја гледа својата иднина во Ф1 уште од пред неколку години.

– Јас секогаш размислував за тоа и почнав да верувам по мојот успех во Формула 3. Отпрвин имаше проблеми во Формула 2, но минатата година победив. И еве ме.

Мик исто така соопшти дека е во контакт со поранешниот тркач на Скудерија, Себастијан Фетел, чиј идол е Михаел Шумахер.

– Со Фетел редовно комуницираме. Тој има многу искуство, тој ми дава совети. Себ се грижи за мене, информира Мик Шумахер.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур