Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез кој во моментов е член на премиерлигашот Ливерпул изјави дека сака да игра во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо.
– Секако дека сакам да играм со Роналдо, но да се случи такво нешто во скоро време е комплицирано. Кристијано е играч на Реал, а јас на Ливерпул. Меѓутоа никогаш не се знае што може да се случи утре, истакна контроверзниот уругвајски напаѓач.
Ливерпул ја одреди висината на оштетата која треба да ја плати клубот за евентуален ангажман на Суарез и таа изнесува 47 милиони евра.
Медиумите во Англија тврдат дека Суарез е резервна опција за Реал во случај да не успеат преговорите со Герет Бејл од Тотенхем.