Еден од најновите случаи на непотизам претставува изборот на г. Влатко Илиевски – сопругот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска – за член на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје – тврди „Транспарентност“.
Според нив, роднинското именување од највисоките ешалони на власта, како и стотици претходни, поминале со молк од ДКСК, како надлежен орган за испитување на судири на интереси и евентуални коруптивни влијанија.
„Ние бараме од ДКСК да утврди по која постапка и врз основа на кои критериуми е именуван сопругот на министерката за внатрешни работи Влатко Илиевски на спомнатата позиција?
– Дали имало и други кандидати за таа позиција и како била водена постапката за именување? За своите наоди од овој случај ДКСК мора да ја извести јавноста – апелираат од „Транспарентност“.
Петар Клинчарски