Хасипи и Шацимаркакис бараат од Шулц да се заложи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Од:

Копретседавачите на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европска унија, пратеникот Кенан Хасипи и европратеникот Јоргос Шацимаркакис, до претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц испратија писмо во кое бараат тој лично да се заложи за отворање на пристапните преговори со земјава, без одложување.

– Во писмото побаравме претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на состанокот на Советот за општи работи што ќе се одржи на 25 јуни 2013 година, а на кој ќе се разгледува и прашањето за Република Македонија, лично да се заложи за отворање на претпристапните приговори со Република Македонија без одложување, како што тоа беше досега повеќе пати побарано и од страна на Европската комисија во нејзините извештаи за напредокот и во резолуциите за Македонија на Европскиот парламент, изјави денеска на прес-конференција во Скопје пратеникот Хасипи.

Исто така, тој потенцираше дека Шулц бил информиран оти на последниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет што се одржа на 22 и 23 мај во ЕП во Стразбур за првпат во историјата на овие состаноци е усвоен завршен документ без амандмани и со целосен консензус покажувајќи ја, според Хасипи, нашата зрелост и спремност како политичари да го однесеме чекор напред процесот на евроинтеграции на Република Македонија.

Поддршката на евроинтеграциските процеси во рамките на Мешовитиот парламентарен комитет, според Хасипи, е значаен елемент за натамошен позитивен развој на односите меѓу македонскиот законодавен дом и ЕП, а во функција на јакнењето на вкупните односи помеѓу Република Македонија и Европската унија.

– Верувам дека нашето единство демонстрирано на состанокот на Комитетот во Стразбур, како и нашето заедничко писмо со Шацимаркакис упатено до Шулц ќе дадат свој резултат и нашето барање ќе биде презентирано на состанокот на Советот на 25 јуни оваа година, изјави Хасипи.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски