Адвокатот Петар Василев е во Обвинителството заедно со Сашо Мијалков, каде повеќе од час и половина е во зградата со обвинителката Вилма Русковска. Тој излезе и влезе во зградата без да каже збор.
Медиумите го прашуваа каде бил неговиот клиент Мијалков три дена, зошто бил недостапен за истражните органи, но и дали појавувањето е договорено со власта.
Инаку, по три дена недостапност, Мијалков сам се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Неговиот адвокат Василев вчера беше придружил на неговите синови во станицата во Кисела Вода каде поминаа преку седум часа.