Доколку се утврди криминално стекнат имот кај Мијалков, ќе биде конфискуван

Од:

Криминално стекнатиот имот треба да биде конфискуван, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, прашан дали е побарано блокирање на трансакциските сметки на избеганиот Сашо Мијалков. Тој не можеше да каже што се случува со сметките на Мијалков бидејќи МВР нема увид во нив, какви трансфери има, ниту пак, може да замрзнува пари.

„МВР не е таа институција која бара или одобрува замрзнување на сметки. Ниту пак може да ги гледа и следи. Постојат други институции, како Управата за финансиско разузнавање и тоа редовно го прават. Прашањето е дали државата треба генерално да се насочи кон тоа да видиме кој е имотот и да се премине кон конфискување на имотот? Да. Затоа што криминално стекнатиот имот, ако не биде конфискуван, тогаш немаме состојба каде имаме правна сигурност. Тоа што е стекнато со криминал треба да биде одземени и во тој дел треба да постапуваат институциите“, рече Спасовски.

Агенцијата за национална безбедност нема информации дали Мијалков освен македонско, има и друго државјанство.

„Нема информација дали има двојно државјанство Сашо Мијалков. Ние на граничните премини имаме континуитет на следењето, следиме во живо преку камери на граничните премини. Пронајдени се одредени предмети кои можат да бидат релевантни за истрагата, тоа ќе се цени како доказ. Дали дале информации – секако дека дале. Ќе бидат споделени во надлежните институции. Јас би сакал целиот процес да заврши денес или утре. Но во истражните дејствија нема рокови. Роковите се тие кои ќе донесат резултат“, објасни Спасовски.

Министерот за внатрешни работи неколку пати посочи дека оперативните информации говорат дека Сашо Мијалков не успеал да пребегне надвор од државата.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР го најде скопјанецот коњ влечеше кон врзан за автомобил, треба да одговара за „мачење животни“

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Кривична за 10 специјалци на МВР кои незаконски добивале пари

Горан Наумовски

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

МВР: Обвинителото Коцевски не ја наруши вчерашната акција за апсење на седум полицајци

Горан Наумовски