Голем број Британци веќе направија резервации за летување, најбарани Грција, Турција и Шпанија

Од:

Резервациите за летни одмори скокнаа за 600 проценти оваа година, откако Велика Британија донесе одлука за укинување на рестриктивните мерки, давајќи им надеж на авиокомпаниите и туристичките агенции дека ќе можат да работат нормално годинава.

Британската туристичка асоцијација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации, почнувајќи од јули.

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ соопшти дека резервациите преку ноќ се зголемиле четирикратно, а резервациите за одмор пораснале за 600 проценти за една недела, а тие „пламнале“ особено откако владата вчера најави дека патувањата може да продолжат од средината на мај.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски