Тимот Ред Бул го претстави болидот за новата сезона, објавено е на Твитерот на Формула 1.
Болидот ќе го носи името „RB16B“.
⏯ And now for the B-Side ? Meet the RB16B #ChargeOn ? pic.twitter.com/2XrH3G4AP0
— Red Bull Racing (@redbullracing) February 23, 2021
Надворешно, автомобилот не се разликува многу од неговиот претходник, но новиот има поразработена површина на странични дефлектори и покомпактен заден дел.
Исто така на автомобилот сега има банери на спонзори кои дојдоа во Ред Бул со доаѓањето на Серхио Перез.
Новата сеззона во Формула 1 шампионатот ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин.