Град Скопје ќе го продолжи булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево

Од:

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градното земјиште на подрачјето на градот Скопје за 2021 година, со што е предвидено да се продолжи изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево.

Град Скопје информира дека се работи за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над два километри.

– На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура, соопшти Град Скопје.

Околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места, ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, но голем бенефит ќе има и индустриската зона што е лоцирана во овој дел од градот.

Би можело да ве интересира

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски