Португалскиот стручњак и повратник во премиерлигашот Челзи, по неговото доаѓање во Лондон изјави дека е среќен човек и му упати покана на Вејн Руни да дојде на „Стемфорд Бриџ“ доколку сака и тој да биде среќен.
– Многу сум среќен што повторно сум дел од Челзи. При мојот прв престој во овој клуб се случија многу работи, но и сега по девет години ја имам истата страст кон фудбалот. Со сопственикот имаме исти погледи за иднината на клубот, знам дека очекувањата се големи, но верувам дека ќе ја постигнеме зацртаната цел. На тој пат во тимот ќе има место и за Вејн Руни доколку одлучи да го напушти Манчестер и доколку сака да биде среќен како мене, изјави Мурињо.
„Специјалниот“ се осврна и на изјавите на шпанскиот репрезентативец и член на Барселона, Андрес Иниеста во кои Мурињо е посочен како штетник за шпанскиот фудбал.
– Му нанесов „штета“ на шпанскиот фудбал од аспект на прекинување на доминацијата на Барселона во време кога изгледаше дека нема кој да ја спречи, му одговори на Иниеста поранешниот тренер на Реал Мадрид.