Во Њујорк одбележана 20-годишнината од приемот на Македонија во ОН

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски синоќа во Њујорк учествуваше на заедничкото одбележување по повод дваесет години од приемот во Обединетите нации на Република Македонија, Чешката Република, Словачка, Андора и Монако.

Во обраќањето, министерот Попоски, соопшти МНР, рече дека приемот на Република Македонија во Обединетите нации е еден од позначајните датуми во поновата македонска историја со кој се потврди суверенитетот и државноста на Македонија, како и желбата на македонскиот народ изразена на референдум, за создавање на сопствената иднина.

Истакнувајќи дека Македонија целосно ги почитува принципите од Повелбата на ОН, министерот Попоски рече дека очекуваме ист таков однос кон почитувањето на нашите права како држава, во согласност со принципите на правдата и меѓународното право.

На приемот поздравни обраќања имаа и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, потпретседателот на Владата на Словачката Република и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, министрите за надворешни работи на Андора и Монако, Жилбер Сабоја и Хосе Бадија и заменик министерот за надворешни работи на Чешката Република Владимир Гаушка.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун им честиташе на сите земји за постигнатиот јубилеј и го поздрави значајниот придонес на владите и народите на секоја од земјите. Тој притоа им посака уште многу успешни јубилеи и натамошен придонес во системот на Обединетите нации и мирот и безбедноста на глобално ниво.

Говорејќи за Република Македонија, Бан Ки Мун  истакна дека значајна е нејзината улога како фактор на стабилност во регионот, што беше евидентно и преку успешното неодамнешно претседавање на нашата земја со Процесот за соработка на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски