Американските власти располагаат со 400 страници од дневникот на Алфред Розенберг

Од:

Американските власти располагаат со 400 страници од одамна загубениот дневник на Алфред Розенберг, блиско лице на Адолф Хитлер, што има централна улога во убиството на милиони Евреи и други луѓе за време на Втората светска војна.

Според првичните оценки на американските власти дневникот може да фрли ново светло врз средбите на Розенберг со Хитлер и други нацистички лидери, вклучително Хајнрих Химлер и Херман Геринг.

Документот содржи детали за германската окупација на СССР, вклучително плановите за масовно убиство на Евреи и Источноевропејци. Дневникот содржи детали и за односите во редовите на високата германска команда, особено за кризата предизвикана од бегството во Велика Британија на Рудолф Хес во 1941 година. Во дневикот се наведени и податоци за голем број кражби на уметнички дела низ цела Европа.

Розенберг беше осуден во Нирнберг и обесен во 1946 година за злосторства против човештвото. Тој беше влијателен нацистички идеолог, особено во однос на расизмот.

Розенберг раководеше со партискиот оддел за надворешна политика и емитуваше нацистички дневен весник. Розенберг, исто така, бил раководител и на кражбите на културно и црковно богатство низ цел Европа.

Обвинителот од Нирнберг Роберт Кемпнер долго време бил осомничен од американските власти дека тајно го внел дневникот во САД.

Кемпнер е роден во Германија и избегал во 30-тите години од нацистите во САД. По војната се враќа во татковината како судија.

Во своите мемоари Кемпнер цитира неколку делови од дневникот на Розенберг.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Австралија ги забрани нацистичките поздрави, сувенири и симболи

Горан Наумовски

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

96-годишна Германка, поранешна секретарка во нацистички логор, побегнала пред судење

Унгарија казнета со одржување на еден квалификацискиот натпревар за СП 2022 без гледачи поради расизам против играчите на Англија

А1он