Ван Гал сака титула во Премиер лигата

Од:

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Луис ван Гал најави повлекување од репрезентацијата по Мундијалот во Бразил и изрази желба да води клуб од Премиер лигата.

– Имам освојувано титули во Шпанија и Германија, па сега мислам дека дојде редот за англиската Премиер лига. Овој шампионат е посебен поради атмосферата која владее на сите стадиони. Англиското првенство не може да се споредува со другите, изјави холандскиот стручњак.

Ван Гал во германската Бундес лига беше шампион со Баерн Минхен, додека во шпанската Примера победи предводејќи ја Барселона.

Како селектор на Холандија веќе обезбеди учество на Светското првенство во Бразил 2014 година.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска