Во денешениот напад врз конвој на ОН во источниот дел на Конго загинаа две лица, а повреден е амбасадорот на Италија.
Претставници на Националниот парк Вирунга соопштија дека нападот се случил во близина на градот Канијамахороа и станува збор за обид за киднапирање.
Идентитетот на двајцата загинати не е познат, но потврдено е дека италијанскиот амбасадор во ДР Конго е евакуиран по интервенција на ренџерите.
Во околината на паркот Вирунга, кој се наоѓа долж границата на Конго со Руанда и Уганда, дејствуваат неколку оружени групи и често ги напаѓаат ренџерите кои го обезбедуваат националниот парк.