Вонземјаните сепак биле во Розвел

Од:

На осми јули се одбележаа 65 години од случајот „Розвел“, кога наводно војници пронајдоа падната летечка чинија (НЛО) на една фарма. Сега поранешниот агент на ЦИА признава дека сето тоа било вистина.

„Тоа не беше никако метеоролошки балон-беше точно тоа на што луѓето првично помислија“, рече Чејс Брендон, ветеран на ЦИА.
„Тоа беше тешко летало, кое очигледно не потекнуваше од оваа планета, падна и не се сомневам дека таму пронајдоа остатоци од некое суштество“

Брендон служеше како таен оперативец на агенцијата полни 25 години и се занимаваше со меѓународен тероризам, светска трговија со наркотици и со криумчарење на оружје.

„Еден ден пребарував по историската колекција на ЦИА и читав наслови на некои кутии полни со фасцикли. Една од нив ми привлече внимание-пишуваше Розвел.
„Во кутијата имаше пишани материјали и понекоја фотографија и тоа е се што ќе кажам во врска со содржината на таа кутија“, рече тој.

„Меѓутоа, тоа за мене беше моментот кога сфатив дека она во што верував е чиста вистина“.

Ништо од тоа не го изненади Stenton T. Fridmen, нуклеарен физичар кој почна да се занимава со истражување на НЛО, а претходно беше еден од главните истражувачи во Розвел.

Кон крајот а 70 те години, Fridmen пронајде неколку сведоци кои беа вклучени во случувањата во Розвел.

И покрај фактот дека извештајот на војската се смени преку ноќ-прво кажаа дека на 8. јули 1947. е пронајден паднат летачки диск, а на 9. јули дека станува збор за метеоролошки балон-Fridman пронајде доволно сведоци кои ја потврдија првобитната верзија на приказната.

„Сигурен сум дека наскоро ќе излезе на виделина се што се случи таму“, рече Fridmen.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ