На седница на Советот на град Скопје во вторник предлогот за дополнување на листата на имиња на улици

Од:

Советот на Град Скопје на претстојната седница најавена за вторник следната недела ќе гласа по 22 точки меѓу кои е и предлог – листата за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови, и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на град Скопје.

-Станува збор за листа од 570 нови и стари имиња на жени, мажи, места, поими кои може да бидат искористени за назначување на инфраструктурни објекти на територијата на градот Скопје. Надополнувањето на базата од која што може да се одбира за назначување на улици, плоштади, мостови и др. е важно, пред се, заради сеопфатноста на процесот, во кој што беа вклучени и граѓаните преку анкета во 2018 година, и заради опфаќање на имиња кои се значајни за Скопје а не биле во таа листа или биле избришани во претходни постапки. Гласањето од страна на Советот на Град Скопје е уште еден чекор во целокупната процедура, а оваа листа понатаму треба да биде изгласана и од страна на Владата, наведува Град Скопје во најавата за седницата.

Советот на град Скопје треба да расправа и за усвојување на извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за минатата година.

-Според извештајот, во 2020 година, остварените вкупни приходи од 6.044.759.756,00 денари се поклопуваат во 76,7% со планираните. Додека расходите од 5.902.865.372,00 денари соодетствуваат 74,9% на планираните расходи. Споредено со претходната 2019 година, остварувањето на приходите во вкупниот буџет на Град Скопје во 2020 бележи намалување од 10.6% додека пак извршувањето на расходите, следејќи ја динамиката на реализација на планираните проекти, бележи зголемување од 10.4%. Вишокот на приходи од претходната година од 936.624.244,00 денари е потрошен претежно за основниот буџет (917.394.067,00 денари), самофинансирачки активности (4.499.206,00 денари) и за донации (14.930.971,00 денари), соопшти град Скопје.

Оттаму најавија дека на оваа седница ќе се гласа и за стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје 2021 – 2015.

Стратегијата е во континуитет на претходно сработеното, и соодветните стратегии – првата имплементирана во 2013-2017 година. Станува збор, како што појаснија, за стратешки документ кој ќе се донесе со цел унапредување на еднаквите можности на жените и мажите во севкупното општествено живеење во градот, кој треба да биде лидер и пример за општините во промоција и унапредување на родовата рамноправност.

Би можело да ве интересира

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он

Мециновиќ ќе бара ревизија на сите стари договори: Скопје мора да стане град што им служи на луѓето, не на партиите

Предраг Петровиќ

Да победиме во Скопје и да ги решаваме многуте работи во градот, пред се должничко-доверителни односи, вели Мицкоски

Горан Наумовски