Словенец и брачна двојка од Франција се повредени денеска во словенечкото село Ратеж, кога на терасата на ресторанот каде седеле, удрил гром.
Еден од мажите е тешко ранет во раката и градниот кош. Полицијата потврди дека пред ресторанот удрил гром, а откако на настраданите им била укажана прва помош, тројцата биле одвезени во болница.
Сопственикот на гостилницата за телевизијата ПОП ТВ изјави дека громот удрил точно во моментот кога гостите со чинии во рацете се подготвувале да се преместат од терасата во затворениот дел на ресторанот, затоа што се приближувала бура.
Според очевидци, громот удрил со таква сила што и тројцата повредени полетале во воздух.