Ќерката на Мадона, Лурдес Леон е заштитно лице на пролетната колекција на Марк Џејкобс

Од:

Лурдес Леон, ќерката на поп-пејачката Мадона, е новото заштитно лице на пролетната колекција на дизајнерот Марк Џејкобс за оваа 2021 година.

Американскот бренд ја потврди соработката, објавувајќи фотографии од колекцијата, на коишто Леон е облечена во светли бои и цветни комбинации. Колекцијата на Џејкобс е моделирана според претходните линии, типични за 1990-тите.

Според краткото соопштение за брендот, снимањето и фотосесијата се инспирирани од еклектицизам и индивидуализиран пристап кон личниот стил… Ова не е првпат ќерката на Мадона да учествува во модна кампања. Лурдес дебитираше на видео-ревија на „Миу-Миу“ во 2019 година и оттогаш следеа неколку линии вклучувајќи ги тука и „Жан-Пол Готје – Суприм“, и „Парејд – Џуси котур“.

Мадона, инаку е долгогодишна муза, пријателка и инспирација на дизајнерот Марк Џејкобс. Во интервју за „Вог“, Џејкобс, претходно креативен директор на „Луј Витон“, ја нарече „кралицата на попот“ – врвна изведувачка. Мадона учествуваше во две кампањи на „Луј Витон“ под водството на Џејкобс.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски