Приведени двајца малолетници поради убиство на струмичанка

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и СВР Струмица го расчистија убиството на 67-годишната Д.М. во Струмица и во врска со овој случај се приведени двајца малолетници.

На 19 февруари, по добиено оперативно сознание во СВР Струмица дека во куќа во Струмица се извршени кривични дела разбојништво и силување, а врз основа на наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во куќа на улицата „Балканска” во Струмица, каде е пронајдена мртва 67-годишната Д.М..

Преземени се мерки за расчистување на случајот и извршена е обдукција по наредба на јавен обвинител, при што е утврдено дека смртта настанaла по насилен пат, поради задушување. Поради основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Убиство“, казниво по член 123 од КЗ, на 19.02.2021 година, најпрво, во Гевгелија е лишен од слобода малолетник (13 години), а потоа во Струмица малолетник (14 години).

По наредба на ОС Струмица, со цел обезбедување на дополнителни докази, извршен е претрес во домовите на осомничените.

Во просториите на СВР Струмица, во присуство на педагог од Центарот за социјални работи Струмица, родител и адвокат, извршен е службен разговор со осомничените, при што целосно е расчистено кривичното дело, а малолетниците со соодветен поднесок се предадени во Oсновното јавно обвинителство и во Центарот за социјални работи во Струмица, за понатамошна постапка согласно законската регулатива.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

62-годишник од струмичко силувал малолетно девојче

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција