Многубројните фанови во Србија и регионот на свој начин се збогуваат со Ѓорѓе Балашевиќ. Во Загреб ја исполнија неговата желба, изразена во песната „Стих на асфалту“, пишува „Вечерњи лист“.
Песната започнува со стиховите „Да ми је још једаред проћи Илицом, па да бећарац напишем ћирилицом“.
На социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии на кои може да се види дека обожaвателите во Загреб оставиле транспарент на кој на кирилица пишува „бећарац“.
Легендарниот кантавтор почина на 68-годишна возраст во Клиничкиот центар на Војводина.
Фановите на Балашевиќ вчера вечер се собраа во Нови Сад, а неговата смрт предизвика реакции низ целиот регион.