Поплави во Џакарта, евакуирани над илјада луѓе

Од:

Индонезискиот главен град Џакарта го зафатија поплави предизвикани од поројните дождови, а евакуирани се повеќе од илјада луѓе.

Локалните власти соопштија дека нивото на водата во некои делови на градот достигнало 1,8 метри во одделни области, но засега нема информации за евентуални жртви.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледаат луѓе како се движат низ матна вода, која им стигнува до рамената. Возилата се речиси целосно под вода, а спасувачки екипи со чамци ги евакуираат повозрасните жители.

Гувернерката на Џакарата изјави дека низ градот се подготвени центри за евакуација и дождот моментно е престанат, но во градот и понатаму надоаѓа вода од другите подрачја.

Поплавите ја зафатија Џакарта во момент кога Индонезија има најголем број на заразени и починати од коронавирусот за разлика од останатите држави во југоисточна Азија, и кога се наоѓа во економска рецесија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници