Словенечките кафеанџии бараат од Владата чаре за нивната дејност

Од:

Словенечките угостители, на кои не им е дозволено да работат од октомври поради мерките против ширењето на коронавирусот, преку отворено писмо до Владата побараа брзо решение за зачувување на таа економска активност и најавија можност за отштетни побарувања против Владата. Кафеанџиите од земјата велат дека нивните загуби делумно се должат на нејасните регулативи за време на епидемијата.

Во писмото до премиерот Јанез Јанша и министерот за економија Здравко Почивалшек, угостителите предупредуваат на голем раст на невработеноста во овој сектор и бараат зголемување на надоместокот за плата на работниците во мирување до 100 проценти.

Тие ја повикуваат Владата да размисли за намалување на ДДВ-то на угостителските услуги, одложување на доспеаните кредитни обврски и други мерки што би му помогнале на угостителството подготвено да го дочека периодот по корона кризата.

Како што пренесува Хина, некои угостители најверојатно ќе покренат тужби против Владата поради нејасни регулативи во врска со работата во угостителството.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг