• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинарски статии

by А1он19/02/2021 - 13:50324
Share0

Општина Аеродром соопшти дека го повлекува неодамнешниот конкурс за новинари за промоција на европските вредности. Конкурсот се однесуваше на новинарски статии од областа на заштитата на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот и руралниот развој.

Добивај вести на вибер

Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со претседателот на Здружението на новинари на Македонија Младен Чадиковски и со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

– Целта на ваквата одлука е да се исклучи и најмалото зрнце сомнеж во јавноста за искрените намери на Општината. Аеродром со конкурсот сакаше да поттикне независни истражувачки стории на теми поврзани со европски вредности, особено кај младите и талентирани новинари, велат од Општина Аеродром

Додаваат дека иако нема законски ограничувања, ниту пак, се очекуваше необјективност при известувањето, сепак, одлучиле да го повлече новинарскиот повик.

Претставниците на ЗНМ на средбата ја поздравија одлуката за повлекување на конкурсот и истакнаа дека треба да се избегнуваат вакви практики со цел да не се добие впечаток дека со јавни пари може да се влијае на начинот на известување на новинарите.

opstina aerodromznm

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Учениците во училници без парно, градоначалникот Митевски си тера фотосесии

А1он24/01/2026 - 12:02

СДСМ поднесе четврта претставка до ЗНМ за повеќе прекршувања на новинарскиот Кодекс од страна Героски

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 11:18

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

Горан Наумовски11/12/2025 - 09:5511/12/2025 - 09:56

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он20/10/2025 - 16:53

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Горан Наумовски19/10/2025 - 15:3819/10/2025 - 16:03

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 11:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен