Нов Зеланд ќе го заврши своето 20-годишно воено присуство во Авганистан до мај. Тоа го објави премиерката Џaсинда Ардерн.
Мисијата беше една од најдолгите во историјата на Нов Зеланд. Десет новозеландски војници загинаа во Авганистан.
Со текот на годините, повеќе од 3.500 новозеландски војници беа распоредени во Авганистан. Џасинда Ардерн рече дека нивната заложба за мир во таа држава ќе остане запаметена.
Нов Зеланд сега има шест војници во Авганистан, од кои тројца се дел од силите на НАТО, а другите тројца помагаат за воена обука на Авганистанската национална офицерска академија.