Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, потпиша нов договор со клубот.
Новиот договор на 19-годишникот важи до 2025 година, со можност за продолжување на уште една година.
Гринвуд е „дете“ на Академијата на Јунајтед. Англичанецот одигра 82 натпревари за клубот, постигнувајќи 21 гол.
Манчестер јунајтед оваа сезона се бори за највисок пласман во Премиер лигата. Во моментов е на 2. место со 46 бода од 24 натпревари.