Шестмина загинати во напад врз камиони на НАТО во Пакистан

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе се повредени во напад на екстремисти врз камиони кои превезувале стоки за НАТО, соопшти денеска пакистански претставник.

Нападот се случил во подрачјето Шагаи, 20 километри југоисточно од Ланди Котала, главниот град на областа Кајбер на границата со Авганистан, кој се смета за упориште на талибанците.

Четири војници загинаа на лице место, додека уште двајца починале на пат кон болница, изјавија локални претставници, додавајќи дека во нападот се запалени два камиони, а уште два се оштетени.

Пакистан е клучна транзитна рута преку која се снабдуваат силите на НАТО во Авганистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица