Двократниот светски првак во Формула 1, Фернандо Алонсо, е пуштен на домашно лекување по операцијата на вилицата, соопшти неговиот тим Алпин.
На шпанскиот возач во Формула 1 минатата недела му беше оперирана горната вилица, откако во четвртокот, додека возел велосипед, во него удри автомобил во близина на домот во Лугано.
-По дводневниот мониторинг во болницата во Швајцарија, Фернандо Алонсо е пуштен на домашно лекување, соопшти неговиот клуб, додавајќи дека Шпанецот кратко време ќе мине во целосно мирување пред да почне со подготовките за стартот на новата сезона.
Претсезонските тестирања во Формула 1 се закажани од 12 до 14 март на патеката Шахир, каде на 28 идниот месец ќе стартува новата сезона со Големата награда на Бахреин.