А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Габриела Димковиќ-Мишевска
Македонија

Милошоски за личните карти: Во документот да стои националност Македонец, но не и придавката северна

by Габриела Димковиќ-Мишевска15/02/2021 - 14:3115/02/2021 - 14:431259
Share0

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, изјави дека за опозицијата се прифатливи измените на Законот за личните карти, со кој се предвидува во нив да биде впишана етничката припадност на граѓаните, но за нив е неприфатливо во документот да стои новото име Северна Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Гледаме дека во Собранието има обид за филибастеринг, јас само ќе кажам дека повеќе пратеници говорат дека зад ова нарачка стои Зоран Заев, кој дал одредени ветувања на одредени коалициски партнери, што сега не може, не сака или не знае како да ги исполни, па се обидува процесот да го попречи. Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме на став дека, заради зачувување на националното достоинство, е прифатливо ако во мојата лична карта стои дека сум Македонец, а ако на мојот сосед му пишува дека е Србин, Албанец, Турчин или што и да е. Ние исто така бараме во новата лична карта да не стои новата придавка на државата зашто за неа има рок од 5 години со договорот меѓу Димитров, Заев и Ципрас, а тие 5 години не се поминати и не треба тоа да се реализира. Во моментот немаме ниту почнато преговори со ЕУ и затоа сметаме дека не мора да исполнуваме сè и сешто“, изјави Милошоски.

Предлогот за ова законско решение доаѓа од партијата Беса по што речиси сите политички партии прифатија во личните карти да стои и етничката припадност. Но, засега процедурата е запрена поради големиот број амандмани од страна на Левицата.

dpmne

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео