Македонија е земјата која што има најмалку вакцини во светот, а истовремено имаме најмногу мртви, и тоа 3.000 по глава на жител буквално во светот, рече Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија овие денови ќе дојде до една ужасна бројка која што навистина е страшна, а тоа е 3.000 починати. Никој на светот нема повеќе мртви од Македонија по глава на жител. Зошто? Затоа што во Македонија се смета во статистиките со 2.1 милион жители, а реалната бројка е 1.7, 1.8 милиони жители“ – рече Ѓорчев.
Тој потенцираше дека речиси сите земји во светот почнале со вакцинација.
„За жал, Македонија е буквално најлоша во светот кога станува збор за вакцини и имунизација на населението. А, Македонија е и истовремено земја со најмногу починати по жител на целиот свет.Тоа кажува дека имаме дебакл, фијаско на власта. Тоа кажува дека имаме огромна негрижа за здравјето на населението. И тоа кажува едноставно дека нема никаков систем, дека имаме дебакл и фијаско, а за тоа одговорност мора да има“ – вели Ѓорчев.