Себастијан Фетел победи трет пат оваа сезона, а за прв пат на патеката „Жил Вилнев” за Големата награда на Канада.
Тргна од пол-позицијата и до крајот извозе скоро перфектна трка, па борбата не се водеше за првото место, туку за останатите позиции.
Зад Фетел се пласираа Фернандо Алонсо од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес.
За разлика од 2011-та година кога направи грешка во последниот круг и минатата година кога загуби заради лошата тактика, овој пат ја искористи својата шасна и го забележа третиот триумф на седмата трка оваа сезона.