Играчот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата во јануари, објави прес-службата на лигата.
Фудбалерот постигна пет погодоци минатиот месец и имаше успешни настапи против Челзи, Кристал Палас и Вест Бромвич.
Гундоган му помогна на Сити да оствари шест победи во низа.
Триесетгодишниот фудбалер ја доби оваа награда за прв пат. Покрај тоа, Гундоган е првиот играч на Сити кој ја заработи оваа награда по напаѓачот Серхио Агуеро во јануари 2020 година.