Пат околу светот за 265 дена

Од:

Пред пандемијата на коронавирусот, Канаѓанецот Берт тер Харт, сосем сам тргнал во обиколка на светот. Дури кога се вратил дома по 265 дена, дознал колку светот е целосно променет, па и стекнал нов прекар – најбезбедниот човек на планетата.

Берт стана осмата личност во светот (и прв од Северна Америка) што патувал сам низ светот, ориентирајќи се само по ѕвездите. Цели 265 дена на море, без ГПС, без каква било помош од современата електроника – само пенкало и хартија и старомоден секстант.

– Отсекогаш сум бил фасциниран од раните истражувачи, рече Тер Харт.

Тој тргнал на пат во октомври 2019 година, со неговиот 13-метарски брод „Сибарбан“. Притоа, признава дека му било по малку страв бидејќи со себе имал само опрема којашто се користела векови порано.

Храбриот 62-годишник, инаку, е дипломиран океанограф и со истиот брод претходно крстарел низ Беринговото Море и околу Алјаска.

Сепак, неговото искуство и дипломата, се чини, не му го олесниле овој потфат премногу. Како што вели, му биле потребни два или три часа дневно само за да ја утврди неговата местоположба, пред да го продолжи патувањето.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска