Француското Министерство за надворешни работи денеска го предупреди Иран да не презема понатамошни мерки со кои може да се наруши нуклеарниот договор од 2015 година со светските сили и поради тоа да се загрози дипломатскиот простор отворен со доаѓањето на новата американска администрација.
– Со цел да се зачува политичкиот простор за изнаоѓање решение со преговори, го повикуваме Иран да не презема нови мерки што дополнително би ја влошиле нуклеарната состојба, но крајно загрижувачки заради повредите на Виенскиот договор, вклучително и последниот од страна на МААЕ, изјави портпаролка на Министерството.
Таа го имаше предвид извештајот на МААЕ од средата, во кој се наведува дека Техеран го исполнил својот план за производство на метал ураниум.
Иран предупреди и дека може да ги блокира краткорочните инспекции на своите нуклеарни постројки до крајот на месецот.