30 патници во автобус сакале да поминат бугарска граница со фалсификувани ПЦР тестови

Од:

Денеска на граничниот премин „Деве Баир“, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се издадени од овластена медицинска установа, соопшти полицијата.

Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени.

Од слобода биле лишени двајца албански државјани и биле изведени пред Судија на претходна постапка. За останатите 28 патници – македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп